Ландин има алиби: Имавме напорен период…

Данска неочеувано загуби во Скопје во првиот дуел после Мундијалот во Египет. Сите беа изненадени од ваквиот резултат, 33-29, а ракометарите се согласија дека немаа своја вечер.

Капитенот на Данска, голманот Никлас Ландин вели дека една од главните причини за поразот е слабата реализација и грешките во нападот.

„Ни недостасуваше подготвеност на почетокот на натпреварот а потоа едноставно многу грешевме. Бевме малку нервозни и не можевме да одговориме на играта со двајца пикери. Имавме напорен период со многу натпревари, но тоа не треба да ни биде изговор. Сепак, свесни сме што ќе се случува во недела на реваншот, за среќа многумина од нас имаат вакви натпревари и порано“, коментираше Ландин.

Младиот ракометар кој се промовираше во еден од ракометарите кој е иднина на репрезентаицијата, Марсел Гидсел е незадоволен од резултатот.

„Домашниот тим имае повеќе мотиви од нас. Тие имаат нов селекторски тим и тоа им даде голема самодоверба што беше лошо за нас. Ова беше лошо искуство. Ниту одбраната ниту нападот не беа на ниво, но среќен сум штоо повторно сум со репрезентацијата и сум многу мотивиран за реваншот во недела“, изјави Гидсел.

Возвртниот дуел помеѓу Данска и Македонија ќе се игра во недела со почеток во 16 часот.