Лазовиќ место за Црна Гора, ќе продолжи да игра за Словенија

Поранешната ракометарка на Вардар, која во моментов го носи дресот на ЧСМ Букурешт, Барбара Лазовиќ место во дресот на репрезентацијата на Црна Гора, сепак, ќе се врати во својата матична земја и ќе продолжи со настапите во селекцијата на Словенија.

Лазовиќ поради тоа што е во брак со репрезентативецот на Црна Гора, Вук Лазовиќ доби покана да игра за оваа земја. Сепак, немаше поминато доволно време за да може и да настапи, па сега селекторот на Словенија, Урош Брегар и достави покана за да може одново да игра за Словенија.

Барбара Лазовиќ во своите изјави велеше дека сон на секој спортист е да учествува на Олимписките игри и дека размислува да го облече дресот на Црна Гора. Сепак, кога го изјави ова немаше покана од Словенија. Сега останува да се види дали ќе се одлучи да ја прифати поканата на селекторот на Словенија, кој е задоволен што ќе ја има одново во тимот.

„Прво и најважно, сакаме ракометарките да останат здрави и повредите да не заобиколат и да избегнеме каква било инфекција со коронавирусот. Се собираме во малку изменет состав. Драго ми е што Барбара Лазовиќ и Елизабет Омореги се враќаат во националниот тим. Капитенот Ана Грос, исто така е во исклучително добра форма. Сите се радуваме на подготовките, но истовремено се надеваме дека на Европското првенство сè ќе оди според планот“, вели селекторот на Словенија, Урош Брегар.