Лазаров: Одиме храбро, но и внимателно со Чешка (ВИДЕО)

Македонската репрезентација во среда ја очекува баражот со Романија, а селекторот и капитенот Лазаров е задоволен од она што го сега го видел на припремите од нашите ракометари.

Лазаров истакна дека како и сите и ние мораме да се прилагодуваме на ситуацијата и густиот распоред.

„Се прилагодуваме на целата ситуација, каква е ситуацијата за нас таква е за сите и немаме ниту право, ниту аргументи да се жалиме. Сакаме да го искористиме, секој момент за да направиме нешто што мислиме дека може да биде подобро. Искрено, не сакам да ги пофалам моите играчи, но сум задоволен од формата, од односот, ентузијазмот кој го покажаа во изминатите денови. Филип Миркуловски и Филип Кузмановски после одигран натпревар пристигнаа утрово, Кузмановски и тренираше после 60 одиграни минути против Берлин, Филип Миркуловски доби одмор поради возраста, но беше тука и гледаше што работиме“.

Чешка ни е позната репрезентација против која и во минатото сме играле натпревари

„Знаеме, имаме искуство од играњето против Чесите, ќе биде полна сала, играат во еуфорија, во еден налет. Сме имале и позитивен резултат таму, но и сме губеле со голема разлика. Треба да бидеме претпазливи посебно во првите 10, 15, 20 минути кога ќе треба да го почувствуваме теренот и да ја почувствуваме Чешка со новиот селектор. Мислам дека сме добро подготвени, се надевам на добра претстава и добар резултат, воопшто нема да биде лесно“.

Како и ние и тие сакаат пласман на Светското првенство.

„И тие како и ние имаат желби, тие се уште посигурни од нас дека ќе бидат патници на Светското првенство, важни се двата натпревари и не треба да дозволиме да ни се случи тоа што и се случи на Романија со нас, навистина би било тешко да се надополнува една таква разлика. Одиме со позитивна мисла, храбро и посветени, со зададени задачи и улоги“.

Очекува од ракометарите да одиграат на високо ниво.

„Јас имам на располагање млади играчи, млади играчи ги сметам оние до 30 години, со оние што се повозрасни. Тоа се играчи со акумулирано искуство, во силни клубови со добри и лоши натпревари. Очекувам од нив да пружат добра и квалитетна репрезентација. Мораме да сме внимателни, посебно во почетокот на натпреварите кога Чесите знаат да разавнат на нивни терен“.