Лазаров го одреди составот за Швајцарија, има две промени (ФОТО)

Репрезентативците на Македонија денеска ќе го имаат последниот натпревар од квалификациите за Европското првенство, а за противник ја имаат репрезентацијата на Швајцарија.

Целта е квалификациите да бидат финиширани со победа за Велигден, а ситуацијата е таква што Македонија може да успее во намерата да дојде до посакуваното.

Селекторот Кире Лазаров направи две промени, од кои една е принудна поради повредата на Дејан Манасков. Денеска во споредба со првиот меч во ростерот се десното крило Ненад Костески и левиот бек Михајло Младеновиќ, а нема да настапи Мартин Серафимов.

Ќе треба да се одигра на нивото од дуелот против Данска за да се има сигурност во трката за бодови против Швајцарците. Македонија има квалитет за победа, но тоа ќе треба и да се оправда.

Натпреварот се игра во СЦ „Јане Сандански“, а почетокот е во 18 часот.