КУП НА МАКЕДОНИЈА: Куманово со лесна група, Вардар против Ѓорче Петров

Во Купот на Македонија во женска конкуренција ќе се натпреваруваат 15 екипи, односно сите екипи што се дел од Женската лига.

Екипите се поделени во четири групи А, Б, В и Г. Групите А, Б и В имаат по четири екипи, а групата Г има три екипи.

Во групите А, Б, и В ќе се играат два полуфинални натпревари по систем 1/4 и 2/3, а победниците од нив ќе играат во финале, додека во група Г ќе се игра еден полуфинален натпревар и еден финален натпревар.

Овие натпревари ќе се играат на 19 и 20 март догодина, додека победниците од финалните натпревари во сите четири групи ќе играат на завршниот турнир во мај 2022 година.

Куп на Македонија, групна фаза:

Група А

Вардар – Стружанка
Ѓорче Петров – Кузман Вардар Илинден

Група Б

Феникс АМС – Спартак
Овче Поле СУ – Чаир

Група В

Металург – Астибо
Шампион – Гевгелија

Група Г

Деспина слоб.
Пелистер – Куманово