Куманово ја завери сезоната во Гевгелија, одигра без пораз

Ракометарките на Куманово во последното коло од Женската лига беа убедливи на гостувањето против Гевгелија со 32:25. Натпреварот беше од формален карактер бидејќи е познато дека Куманово е новиот шампион на Македонија, а екипата на Гевгелија сезоната ја завршува на 8. позиција на табелата.

Шампионот на Македонија очекувано ја оправда фаворитската улога и без многу проблеми дојде до победата. Победникот беше решен уште во првиот дел кога Куманово имаше водство од 12:5.

Ракометарките на Гевгелија се обидуваа да ја ублажат високата разлика на противникот, но на полувреме имаа негатива од минус девет, 6:15.

Во второто полувреме растеше предноста на кумановки. Тренерот на екипата, Ненад Краљевски шанса им даде на сите ракометарки. По петнаесетина минути игра во вториот дел, Куманово имаше водство од 23:14  и успеа до самиот крај да ја сочува својата предност.

Најефикасни во победничкиот табор беа Јована Кипријановска со шест и Ангела Јанкуловска со пет гола. Во екипата на Гевгелија, Бети Петковска беше најефикасна со седум гола.

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ19181055
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА19161249
3ЧАИР19161249
4КУМАНОВО19150445
5ВАРДАР19141443
6СТРУЖАНКА1991928
7ПЕЛИСТЕР 20121991928
8СКОПЈЕ19721023
9ДЕСПИНА19611219
10СПАРТАК19511316
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.19431215
12АСТИБО19401512
13ШАМПИОН1921167