Куманово со перфектни 14 од 14 и лидерски во плеј-офот

Ракометарките на Куманово успеаја да дојдат до нова победа откако на гостувањето во Битола се изборија за триумф од 41:29 против составот на Феникс АМС.

Кумановки беа во постојана предност на оваа средба и во ниту еден момент не беше поставено прашањето кој ќе дојде до триумф. Иако гостинките не беа комплетни и во Битола беа со десет ракометарки тоа не беше никаков проблем да се има целосна контрола.

Уште во првиот дел од средбата стана јасно кој доаѓа до победа бидејќи резултатот од 22:12 доволно покажува каков беше распоредот на силите на теренот. Куманово имаше целосна контрола, па во вториот дел без проблеми успеа да се избори за победа со која на крајот стигна до бодови за перфектни 14 од 14 во есенскиот дел од сезоната.

Со ова Куманово влегува со најдобар резултат во пролетниот дел од натпреварувањето кога најдобрите четири од двете групи ќе се најдат во трка по титулата.

ФЕНИКС АМС – КУМАНОВО     29:41 (12:22)

Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Александар Груевски и Ѓорѓи Чалдаров од Битола. Делегат: Александар Стефановски од Битола.

ФЕНИКС АМС: Кокиноска, Богеска, Рујановска 2, Пашиќ 1, Лазаревска 3, Шиниковска, Талева 6, Корлевска 6, Илиевска, Ризоска 9, Анчевска 1, Стојановска 1.

Седмерци: 0/1, Исклучувања: 12 мин.

КУМАНОВО: Митровиќ, Мар. Јовановска, Мат. Јовановска 5, Боризоска 4, Кипријановска 12, Димитриевска 4, Димитровска 2, Цветановска 5, Зечевиќ 3, Нолевска 6

Седмерци: 4/4, Исклучувања: 8 мин.

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ГРУПА А

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ19181055
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА19161249
3ЧАИР19161249
4КУМАНОВО19150445
5ВАРДАР19141443
6СТРУЖАНКА1991928
7ПЕЛИСТЕР 20121991928
8СКОПЈЕ19721023