Куманово се пофали со нова голманка – потпиша Симона Грујовска!

Поранешниот шампион и освојувач на куп трофејот, Куманово, се пофали со нова голманка пред стартот на сезоната во Женската лига.

Станува збор за Симона Грујовска, која доаѓа од тимот на Вардар, каде што настапуваше последните неколку години.

По одличните партии, Грујовска се најде неколкупати на поширокиот список на сениорската репрезентација.

Грујовска ќе формира дуо со Марија Јовановска, а Куманово остана без српската голманка Катарина Митровиќ, која замина во Германија.

Претходно Куманово ги продолжи договорите со крилата Јована Живковска, Наташа Нолевска и Пени Граматова, а беше ангажирана и репрезентативката Габриела Величковска, откако претходно беше решено тренерското прашање до доаѓањето на Драгана Ристова.

Куманово ќе биде дел од групата А во Женската лига и ќе игра со Шампион, Скопје, Спартак, Вардар, Чаир, Пелистер и Гевгелија.