Куманово како на тренинг, броеше до 54 против Кузман Вардар

Ракометарките на Куманово имаа лесна задача на гостувањето кај Кузман Вардар во натprеварот од 19. коло во Женската лига и остварија лесна и убедлива победа со 18:54. Куманово настапи без ракометарките кои беа со репрезентацијата, но тоа не беше никаква пречка да освојат нови бодови.

Куманово беше фаворит пред натпреварот и целосно ја оправда улогата, само почетните минути беше нерешено до резултат 4:4 а потоа гостинските ракометарки целосно доминираа на теренот.

Уште до полувремето беше решен победникот, на паузата Куманово имаше двоцифрена предност и водеше 12:23. И во вториот дел Кузман Вардар немаше сили за нешто повеќе и мораше да се помири со убедлив пораз.

Убедливо најефикасна во победничкиот тим беше интернационалката од Црна Гора, Ана Шарановиќ која постигна 16 погодоци. Бранкица Марковиќ погоди седум пати, а Мила Трајковиќ шест  пати. Во екипата на Кузман Вардар со шест гола се истакна Сандра Јовевска.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ20191058
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА20171252
3ЧАИР20161349
4ВАРДАР20151446
5КУМАНОВО20150545
6СТРУЖАНКА20101931
7ПЕЛИСТЕР 20121991928
8СКОПЈЕ20821026
9ДЕСПИНА20611319
10СПАРТАК19511316
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.19431215
12АСТИБО19401512
13ШАМПИОН2021177