Куманово како на тренинг – броеше до 47 против Кузман Вардар

Ракометарките на Куманово имаа лесен натпревар во 10. коло од групата А во Женската лига и на домашен терен славеа убедлива победа против составот на Кузман Вардар со 47:20.

Кумановки доминираа во текот на целиот натпревар, започнаа со 7:0 и веќе беше јасно кој ќе ги освои бодовите. На полувреме домашниот тим веќе имаше двоцифрена предност и водеше 21:9.

Второто полувреме беше формалност, Куманово безмилосно го полнеше голот на протовникот, а гостинскиот тим Кузман Вардар немаше никакви шанси на овој дуел. Куманово со оваа победа ја продолжува серијата победи и се зацврсти на врвот на табелата.

Наташа Нолевска со девет гола беше најефикасна во екипата на Куманово, а Јована Кирпијановска Пена Граматова постигнаа по седум гола. Во екипата на Кузман Вардар се истакна Анасатасија Ѓорѓиева со седум погодоци.