Куманово го чува врвот во Женската лига, совладана и Гевгелија

Екипата на Куманово после настапот во ЕХФ купот се врати на обврските во домашното првенство. На натпреварот против Гевгелија на свој терен кумановки остварија рутинска победа од 34:24.

Во текот на првото полувреме Гевгелија добро се држеше, после водството на Куманово од 3:1 гостинскиот тим успеа да го сврти резултатот на 5:6. Сепак, водството на Гевгелија траеше кратко, домашната екипа заигра поангажирано и до полувремето обезбеди предност од 18:12.

Кумановки продолжија во ист ритам како во финишот на првиот дел, а продолжението го отворија со серија од 7:1 со што го решија победникот на натпреварот. До крајот на натпреварот рутински одиграа за нов триумф и зацврстување на првата позиција на табелата.

Ана Шарановиќ го водеше Куманово до победа со десет гола, а по четирипати погодија Тамара Ивановска и Јована Кипријановска. Во составот на Гевгелија најмногу се истакна Митрова Драгица со осум гола.

КУМАНОВО – ГЕВГЕЛИЈА 34:24 (18:12)

Сала: СОУ Перо Наков во Куманово. Судии: Драган Јовановски и Иван Јованов. Делегат: Александар Атанасовски.

КУМАНОВО: Марковиќ 1, Пецанова 3, Трајковиќ 2, Ивановска 4, Боризовска 1, Јовановска 1, Шарановиќ 10, Чокели, Кипријановска 4, Митровиќ, Џакмиќ 2, Цветановска 2, Краљевски 2, Бечирхоџиќ 2, Димитриевска.

Седмерци: 1/4. Икслучувања: 6 мин.

ГЕВГЕЛИЈА: Басова 2, Динева, Петрова, Живковска 2, Горковска 1, Шутева 6, П. Митрова, Пеетковска 5, Ибрахимович, Д. Митрова 8.

Седмерци: 2/3. Исклучувања: 2 мин.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ20191058
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА20171252
3ЧАИР20161349
4ВАРДАР20151446
5КУМАНОВО20150545
6СТРУЖАНКА20101931
7ПЕЛИСТЕР 201220101931
8СКОПЈЕ20821026
9ДЕСПИНА20611319
10СПАРТАК20611319
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.20431315
12АСТИБО20401612
13ШАМПИОН2021177