Куманово го испрати Радовиш во Прва лига

Куманово триумфираше со 34-27 (16-10) против Радовиш, со што гостите и теоретски в година ќе игра во ранг пониско, а кумановци се искачија на второто место на табелата во плејаут.

Радовиш останува на дното на табелата со само 2 бода, и на три кола до крај на првенството и математички нема шанси да дојде до место што носи барем до бараж. Останува да ги одигра последните три кола, и потоа да се подготвува за новата сезона и да се обиде да се врати во елитата.

Гостите беа аутсајдери на мечот, но почетокот на мечот не изгледаше така бидејќи до 10 минута имаа водство. Тогаш Куманово израмни на 5-5 по што потоа целата иницијатива беше во рацете на доаќините, и резулатот што го контролираа до самиот крај на средбата.

Во 12 минута откако Куманово поведе со 7-5 гостинскит тренер побара минута одмор со надеже дека ќе успее нешто да смени и да се врати во игра. Намали Радовиш на 7-6, и потоа само „жолтите“ беа во водство. На полувреме имаа предност од 16-10.

Домаќините од 44 минута играа и без Иван Димитров кој доби директно исклучување по неспортскиот потег над Александар Марков. Па судиите Кркачев и Колевски му покажаа веднаш црвен картон на домашниот играч.

Второто полувреме беше само рутина, а гостите се „држеа“ донекаде, ама предноста о дпрвото полувреме беше пресудна. На крајот Куманово победи со 34-27.

Владан Кастратовиќ со 9 гола и Никола Бечејац со 6 беа најефикасни во тимот на Куманово. Кај гостите од Радовиш најмногу голови дадоа Александар Марков и Филип Трајанов, и двајцата по 6.