Кумановки на сигурно, за 20 минути решија сè против Деспина

Екипата на Куманово дојде до три бода против Деспина откако обезбеди триумф од 30:19 во натпревар во кој сè беше решено уште во првиот дел и тоа после 15-20 минути играње.

Од почетокот на средбата тимот на Куманово ја имаше предноста и беше во водство, а почетните 3:0 го дадоа патоказот по кој ќе се движи целиот натпревар.

Во ниту еден момент немаше закана по победата на домашните така што работите тргнаа кон сигурно и кон триумф за Куманово. Предноста растеше постојано, а веќе после десет минти игра беше 10:3. Тука само продолжи растењето на разликата која на одмор беше 11 гола, 17:6.

Вториот дел беше формалност. Куманово лесно ја одржа предноста и до крајот на полувремето немаше поголем проблем  за да се остана во позитива со двоцифрен број голови за три бода и конечни 30:19.

КУМАНОВО – ДЕСПИНА             30:19 (17:6)

Сала: СОУ „Перо Наков“ во Куманово. Судии: Александар Стојановиќ и Наум Александровски од Куманово. Делегат: Александар Атанасовски од Куманово.

КУМАНОВО: Мар. Јовановска, Џамкиќ, Граматова 8, Ивановска, Мат. Јовановска 1, Боризоска 4, Кипријановска 3, Митровиќ, Димитриевска 4, Живковска 1, Димитровска, Цветановска 1, Зечевиќ 5, Нолевска 3

Седмерци: 1/3, Исклучувања: 6 мин.

ДЕСПИНА: Ристевска, Гулеска, Ел. Рипилоска, Ева Рипилоска 1, Камческа 2, Цветкоска 2, Спиркоска 1, Димитрова 1, Петреска, Богојеска 4, Бечирхоџиќ 1, Чурлиноска, Еленин 5, Цаневска, Седлоска 2, Миноска.

Седмерци: 4/6, Исклучувања: 2 мин.

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ГРУПА А

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ19181055
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА19161249
3ЧАИР19161249
4КУМАНОВО19150445
5ВАРДАР19141443
6СТРУЖАНКА1991928
7ПЕЛИСТЕР 20121991928
8СКОПЈЕ19721023