Кузман Вардар останува на нула, загуби и од Шампион

Ракометарките на Кузман Вардар и понатаму остануваат на дното на табелата во групата А без освоен бод, а во 5. коло од Женската лига загубија на домашен терен од тимот на Шампион со 20:22.

Гостите го имаа почетното водство, отворија со 4:1, а многу брзо имаа одлична предност од 8:3. До крајот на првото полувреме Кузман Вардар успеа да ја намали негативата и на паузата беше 13:11.

Домашниот тим добро го отвори второто полувреме и ја презема предноста, но од 18:15 следуваше кризен период за Кузман Вардар што противникот го искористи. Шампион направи серија од 5:0 со која го врати водството и го сочува до крај за победа од 22:20 и за нови бодови.

Предводничка до победата на тимот на Шампион беше Мила Филипова со осум гола, а Марија Бојковска постигна четири. Во составот на Кузман Вардар најефикасна беше Ивана Стојмановска со шест гола, а Јована Ангеловска погоди четирипати.

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ19181055
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА19161249
3ЧАИР19161249
4КУМАНОВО19150445
5ВАРДАР19141443
6СТРУЖАНКА1991928
7ПЕЛИСТЕР 20121991928
8СКОПЈЕ19721023