Кузмановски: Македонија не „попушта“ на никого

Репрезентативците на Македонија ветија победа против Швајцарија за Велигден и истата ја остварија откако денеска се изборија за триумф од 29:28 со што победнички ги финишираа квалификациите за Европското првенство.

Со пет победи и само еден пораз убедливо се оди на завршниот турнир.

Филип Кузмановски беше меѓу најдобрите поединци на овој дуел со Швајцарија, и вели дека Македонија не му „попушта“ на никој.

„Видовме и на загревањето дека Швајцарија дојде во Скопје да победи, имаа огромна желба. Ние бевме максимално посветени на нашата игра, за ЕП што ни следи. Не попуштаме на никој, сакаме да покажеме дека сме квалитетно, тоа денеска го покажавме. Штета за Швајцарците што нема да играат на ЕП. Продолжуваме во овој ритам, сега се враќаме на клупските обврски.

Ривалите на ЕП, Македонија ќе ги дознае на 6 мај по ждрепката во Будимпешта.