Кубеш верува во неговите избраници: Чешка може да биде конкурентна на ЕП

Еден од ривалите на Македонија на Европското првенство во Австрија ќе биде селекцијата на Чешка. По дуелите со Словачка, на кои чешкиот тим имаше половичен ефект, следуваат два теста со Унгарија. На првиот натпревар избраниците на Даниел Кубеш и Јан Филип беа поразени со 27-24.

„Покрај поразот задоволен сум од натпреварот бидејќи ова беше одлична контрола за нашиот тим. Мечот го загубивме во првото полувреме кога направивме многу грешки, но во второто игравме далеку подобро и тоа ми дава надеж дека можеме да бидеме конкурентни на шампионатот. Им дадов шанса на сите играчи што е добро за нив во пресрет на ЕП“, изјави селекторот Кубеш.

Денеска овие две селекции ќе одиграат уште еден натпревар, по што ќе биде познат конечниот список на Чешка за ЕП.