Куба, Гренланд, САД и Мексико во борба за мундијалски билет

Ракометниот шампионат на Северна Америка и Кариби ќе се одржи од 26 до 30 јуни во Мексиканскиот олимписки спортски центар во Мексико Сити.

Четири земји, Куба, Гренланд, Мексико и САД ќе се натпреваруваат, а победникот ќе обезбеди билет за Светското првенство во 2023 година следниот јануари на кој домаќини ќе бидат Полска и Шведска.

Првиот круг ќе се игра од 26 до 28 јуни кога ќе се одиграат три кола, секој против секој. Следува ден одмор после кој првите две репрезентации по одиграните три кола ќе  играат во финалето, додека остнатите две за трето место.

Победникот од ова натпреваррување ќе се најде во четвртиот шешир пред ждрепката за групите на СП и ќе стане можен ривал на Македонија.

Недела, 26 јуни
САД – Гренланд
Куба – Мексико

Понеделник, 27 јуни
Гренланд – Куба
Мексико – САД

Вторник, 28 јуни
САД – Куба
Мексико – Гренланд

Четврток, 30 јуни
меч за трето место, 3-4
финале, 1-2