Куба го освои трофејот на Централноамериканските и Карипски игри

Во Никарагва се одржуваат Централноамериканските и Карипски игри, кои се пандан на Панамериканските игри од Јужна Америка.

На ракометниот турнир во женска конкуренција, титулата ја освои селекцијата на Куба, која во финалето славеше против Порто Рико.

Кубанките го победија Порто Рико со еден гол разлика 29-28, но за тоа им требаа продолженија откако мечот заврши 26-26 во регуларниот дел.

Третото место на Централноамериканските и Карипски игри го освои Доминиканската Република по триумфот над Мексико со 29-27.

Утревечер започнува турнирот во машка конкуренција, каде исто така Куба е фаворит за златото.