Кристопанс: Вардар и Раул ми го сменија животот засекогаш

Ракометарот кој со 214 сантиметри делува застрашувачки за одбраната на секој противнички состав, Даинис Кристопанс во моментов е играч на ПСЖ, тим со кој се подготовува за дуелите од четврт-финалето во Лигата на шампионите против Кил.

Кристопанс во Вардар беше еден од ракометарите кои правеа разлика на теренот особено при освојувањето на втората титула, па и понатаму е во центарот на вниманието.

„Мислев дека знам се за ракомет, но не беше така. И еден човек ми покажа – Раул Гонзалес. На мојот прв тренинг со Вардар тој ме корегираше во се. Моите чекори, како да го користам рамото кога ќе ја фрлам топката и слични работи. Раул ми го смени животот засекогаш. Секој ден учев некои нови работи. Немаше да бидам сега тоа што сум денес без него. Ме покани да му се придружам во Париз. За мене тоа што ме повика, е најглемото достигнување во кариерата. Без него немаше да бидам тоа што сум денес“, изјави Кристопанс.

Летонецот освои титула со Вардар во 2019 година и се потсети на тоа време.

„Можам само да се сеќавам на прославите во Скопје. Тие два дена без сон, фановите на аеродром, средбата со претседателот…За мирен човек како мене, тоа беше хаос во кој уживав“, вели Кристопанс.

Се осврна и на својата висина.

„Можеби ме познаваат како највисокиот ракометар на планета, а тоа е апсолутно добро за мене. Тоа е нешто на кое се навикнав деновиве. Порано имаше работи кои не беа толку лесни. На училиште правеа шеги со мене бидејќи секогаш бев повисок барем а една глава од другите. Сепак, потоа максимално ја искористив мојата висина“, вели Кристопанс за сајтот на ЕХФ.

Тој минатата годинa се пресели во ПСЖ откако прехтодно три сезони мина во Вардар, а во меѓувреме одигра краток период и во дресот на Фуксе Берлин.