Кризата во ЧСМ е минато, ракометарките ги продолжуваат договорите

Очигледно кризата во романскиот ЧСМ Букурешт е надмината. Потврда за тоа е продолжувањето на договорите на неколку главни играчи и ангажирањето на Сираба Дембеле.

Откако договорот го продолжи Кристина Неагу, неа и се приклучија Елизабет Омореги и Јелена Грубишиќ. Голманката Јелена Грубишиќ е дел од Букурешт од 2016 година.

„Чест ми е да останам шестта сезона овде, се чувствувам како дома. Среќна сум што имам таков тим и такви играчи и убедена сум дек заедно можеме да ги постигнеме резултатите. Ги сакам навивачите тука бидејќи создаваат атмосфера која е слична само на малку други места. Сакам да им се заблагодарам за пооддршката што секогаш ни ја давааат“, вели Грубишиќ.

Омореги пристигна во ЧСМ во 2018 година, а сега го продолжи договорот за две години.

„Многу сум среќна што постигнавме договор со ЧСМ за следните две години. Мислам дека ќе имаме добри резултати со овој тим и на сите ќе им докажеме дека ЧСМ Букурешт е еден од најмоќните клубови во Европа. Нашите навивачи прдинесоа да остнам во клубот “, рече Омореги.

Покрај Неагу, Грубишиќ и Омореги, договорот за уште една сезона го продолжи и Драгана Цвијиќ.