Крај на една ера – бараж натпреварите се последни за Миркуловски и Лазаров!

Македонија ја очекува двомечот со Романија во баражот за Светското првенство, доколку ја поминеме Романија, последна пречка пред Светското првенство јануари ќе биде Чешка. Oвие натпревари во баражот ќе бидат последни за двете големи македонски ракометни имиња.

Филип Миркуловски потврди дека овие бараж натпревари се последни во репрезентативниот дрес за него и Кире Лазаров.

„Се надевам дека ќе дојдат голем број на гледачи да не поддржат. Ни треба таа поддршка после лошото Европско првенство. Сакаме и ние да се искупиме како играчи и стручен штаб. Да се покажеме во подобро светло и да го одиграме тој последен двомеч натпревар со Чешка, кој ќе биде и последен натпревар за мене и за Киро“, изјави Миркуловски.

Натпреварот помеѓу Македонија и Романија утре се игра од 19:00 часот. Реваншот е само два дена подоцна во Букурешт, а подобриот од овој двомеч оди на дуел со Чешка (13/14 април и 16/17април).