Костески и Плзен немаа среќа во пенал рулетот

Екипата на Плзен, во која настапува македонскиот интернационален Никола Костески, немаше среќа во вториот натпревар од финалната серија против актуелниот шампион на Чешка, Карвина.

Плзен беше поразен по изведувањето на пенали со 28:25, а регуларниот дел од натпреварот заврши без победник, 25:25.

Тимот на Костески по лошото прво полувреме, кое го загуби со 15:9, успеа да одигра далеку подобро во вторите 30 минути, направи пресврт, поведе со 24:23, но не издржа до крајот.

Костески натпреварот го заврши со три погодоци, кои беа постигнати во моментите кога Плзен се враќаше во игра и правеше пресврт. Стружанецот одигра одлични и во одбраната.

Третиот натпревар од финалната серија меѓу Плзен и Карвина се игра в недела. Карвина веќе води со 2:0 во битката за шампионската титула во Чешка.