КОМПЛЕТЕН РАСПОРЕД: Кој против кого и кога во главната рунда на Мундијалот во Македонија

Денес на Светското првенство за кадетки во Македонија стартува главната рунда. Во денешните натпревари ќе се одиграат по два дуели од групата А и Б. Освен натпреварите од главната рунда ќе се одиграат и натпреварите за разигрување за пласман од 17 до 32 место на кадетскиот Мундијал.

Репрезентацијата на Македонија немаше многу време за славење и одмор по вчерашниот натпревар со Иран. Избраничките на Љубомир Савевски вечерва со почеток од 20:30 часот за прв ривал во главната рунда ја имаат репрезентацијата на Шведска, која ќе стартува со нула бодови.

Од нашата група од 18:30 часот ќе играат Исланд и Иран. Ракометарките на Исланд се главни фаворити во натпреварот против Иран и се очекува да остварат лесна победа. Освен двата натпревари од групата А, денес ќе се одиграат и првите натпревари од групата Б. Од споменатата група, Данска за противник ја има селекцијата на Хрватска, додека Египет ќе ги одмери силите со Португалија.

Првите натпревари од главната рунда од групата Ц и Д ќе стартуваат на 4 август. Последното, 2 коло, ќе се одигра на 5 август кога ќе бидат познати сите патници во четвртфиналето. Исто така, и на 5 август се закажани последните натпревари во Президент Купот.

Светско првенство, кадетки, распоред на натпревари/главна рунда:

Група 1: Македонија, Иран, Шведска, Исланд

1. коло
03/08 18:30 часот, Исланд – Иран
03/08 20:30 часот, Македонија – Шведска

2.коло
05/08 18:30 часот, Шведска – Иран
05/08 20:30 часот, Македонија – Исланд

Група 2: Данска, Египет, Хрватска, Португалија

1.коло
03/08 18:30 часот, Данска – Хрватска
03/08 20:30 часот, Египет – Португалија

2.коло
05/08 14:30 часот, Данска – Египет
05/08 16:30 часот, Португалија – Хрватска

Група 3: Јужна Кореја, Холандија, Романија, Германија

1.коло
04/08 18:30 часот, Холандија – Германија
04/08 20:30 часот, Јужна Кореја – Романија

2.коло
05/08 14:30 часот, Холандија – Јужна Кореја
05/08 16:30 часот, Романија – Германија

Група 4: Норвешка, Унгарија, Франција, Бразил

1.коло
04/08 18:30 часот, Норвешка – Франција
04/08 20:30 часот, Унгарија – Бразил

2.коло
05/08 18:30 часот, Норвешка – Унгарија
05/08 20:30 часот, Бразил – Франција

Светско првенство, кадетки, распоред на натпревари/Президент Куп

Група 1: Црна Гора, Сенегал, Алжир, Узбекистан

1.коло
03/08 14:30 часот, Црна Гора – Узбекистан
03/08 16:30 часот, Сенегал – Ангола

2.коло
05/08 10:30 часот, Црна Гора – Сенегал
05/08 12:30 часот, Алжир – Узбекистан

Група 2: Казахстан, Фарски Острови, Австрија, Индија

1.коло
03/08 14:30 часот, Фарски Острови – Индија
03/08 16:30 часот, Казахстан – Австрија

2.коло
05/08 10:30 часот, Фарски Острови – Казахстан
05/08 12:30 часот, Австрија – Индија

Група 3: Словенија, Гвинеја, Словачка, Швајцарија

1.коло
04/08 14:30 часот, Словенија – Словачка
04/08 16:30 часот, Швајцарија – Гвинеја

2.коло
05/08 10:00 часот, Словенија – Швајцарија
05/08 13:30 часот, Гвинеја – Словачка

Група 4: Шпанија, Чешка, Уругвај, Аргентина

1.коло
04/08 14:30 часот, Чешка – Аргентина
04/08 16:30 часот, Шпанија – Уругвај

2.коло
05/08 17:00 часот, Чешка – Шпанија
05/08 20:30 часот, Уругвај – Аргентина