Комити со свое шоу на тренинг на Вардар (ФОТО/ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар добија поддршка од трибините во СЦ „Јане Сандански“ на последниот тренинг пред одигрувањето на утрешното дерби против тимот на Еурофарм Пелистер во Супер машката лига.

Комити се најдоа на трибините и направија одличен декор со што им покажаа на своите миленици дека се со нив иако не можат да ги бодрат на натпреварите бидејќи не е дозволено присуство на трибините.

Навивачите имаа убав поздрав за ракометарите, па ќе треба оваа поддршка утревечер да ја наградата пред сè со добра игра и со бодови во плеј-офот од Супер машката лига.

Направија пиротехничко шоу така што денеска беше навистина убав амбиент на трибините и во салата, па сега е на вардарци да се обидат да го дадат најдоброто на теренот на утрешното дерби.

Средбата се игра во СЦ „Јане Сандански“ пред празни трибини, а почнува од 17 часот.

Ова е дуел од 3. коло, па јасно е дека многу од работите ќе се решаваат кога овие две екипи ќе играат во Битола.