Колку убаво изгледа табелата во Групата 7 – Македонија е пред големата Данска

После комплетирањето на 3. коло од квалификациите за Европското првенство во 2022 година во Група 7 на изненадување на сите ракометни стручњаци и ракометни работници има навистина убав изглед бидејќи Македонија се наоѓа на првото место.

Македонија е една од репрезентациите кои се непоразени и кои имаат максимален број на бодови. Со шест поени е пред селекцијата на Данска, која во овие квалификации влезе како голем фаворит за првата позиција.

Барем до недела Македонија ќе го има врвот на табелата, а со игра како денеска лесно може да се направи и ново изненадување, па табелата да има уште поубав изглед од сегашниот.

Како изгледа во моментов можете да видите во продолжение.