Коларовска и Василева за победа на Спартак, заедно имаа повеќе голови од Пелистер

Со натпреварот меѓу Спартак и Пелистер финишираше есенскиот дел од сезоната во Супер женската лига, а на овој дуел победата им припадна на домашните со 33:26.

Спартак имаше повеќе од играта во речиси сите 60 минути така што не е никакво изненадување фактот што на крајот се избори за победа. Од стартот беше јасно како ќе се одвиваат работите. Гостинките има 3:1,а потоа со четири гола во серија Спартак ги сврте работите во своја корист и овие два гола почна постепено да ги зголемува.

Подобрата игра и во нападот и во одбраната резултираше со високи девет гола разлика на полувреме. Спартак водеше со 19:10 на одмор и тоа гарантираше три бода.

Високата предност од крајот на првите 30 минути донесе убаво продолжение за Спартак и мирна игра така што немаше поголеми проблеми во второто полувреме. Се играше далеку посмирено и се чуваше високата предност.

Две ракометарки задаваа најмногу проблеми, па во Пелистер немаа решение за Коларовска и Василева кои доминираа на теренот и го наполнија заедно голот на битолчанки. Практично имаа повеќе голови отколку сите во Пелистер.

Ова беше последниот дуел за оваа есен, па и овие две екипи почнуваат со паузата така што напролет ќе биде доста интересно во трката за што е можно повисока позиција на табелата.

СПАРТАК – ПЕЛИСТЕР  33:26 (19:10)

Сала: ОУ „Круме Кепески“ во Скопје. Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески од Прилеп. Делегат: Сашо Младенов од Скопје.

СПАРТАК: Самарџиска, Ангелковска, Коларовска 15, Василева 12, Божиновска 4, Гроздановска, Ива Кимовска, Ивона Кимовска 2, Георгиевска.

Седмерци: 2/3, Исклучувања: 6 мин.

ПЕЛИСТЕР: Тодоровска, Гецовска,Наумовска 1, Дишковска 2, Бошевска, Срезовска, Раиф 2, Босиловска, Милосављевиќ 6, Дојчиновска, Спирковска 1, Николоска, Белевска 7, Јанкуловска 7, Гроздановска.

Седмерци: 2/4, Исклучувања: 4 мин.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ16151046
2ЧАИР16141143
3МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА16131240
4КУМАНОВО16130339
5ВАРДАР16111434
6СТРУЖАНКА1671822
7СКОПЈЕ1661919
8ДЕСПИНА1661919
9ПЕЛИСТЕР 20121661919
10ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.1643915
11СПАРТАК16501115
12АСТИБО1630139
13ШАМПИОН1621137