Кокс станува балканска колонија

Финскиот тим Кокс оваа сезона нема да игра во Лигата на шампионите, но ќе биде дел од силната Лига на Европа.

Кокс на местото на Гинтарас Савукинас го ангажираше Борис Дворшек, па наместо играчи од просторите на поранешната СССР, како што беше досега, сега се ангажираат повеќе балкански играчи.

По Иван Мошиќ од Адемар Леон и Ѓорѓе Ѓекиќ од израелскиот Рамат Хашарон, следен на листата е левиот бек Срѓан Мијатовиќ.

Станува збор поранешен младински репрезентативец на Србија, кој стекна афирмација во Борац Бања Лука, а играше и во шпанските Виља Де Аранда и Пуенте Хенил.