КМГ ракометни школи – проект во најава

Агенцијата КМГ Спорт на Горан Ѓоргоноски летово менаџирањето на школите на КЛ7 му го предаде на Кирил Лазаров, но акумулираното искуство во овој сегмент ќе се обиде да го пренесе во нов проект – КМГ Спорт ракометни школи кои нема да бидат поврзани со Голден арт КЛ7.

„Во перспектива планирам да работам во тој сегмент, ракометни школи. Како КМГ Спорт имам доволно искуство во таа работа и агенцијата ќе си го води тој проект, кој нема да биде поврзан со клубот. Веќе разговарав со раководството на Голден арт КЛ7 и тоа е заеднички став. Школата ќе биде моја, но секако првенствено во функција на тој клуб. Проект кој ќе си функционира на основа на самофинансирање од родители и спонзори каде децата откако ќе дојдат до возраст за системско работење ќе бидат вклучени во активностите на клубот.“

Подолу погледнете го разговорот со Горан Ѓоргоноски.

Заврши машкиот турнир, шест селекции од Европа завршија во првите седум