Клубот убеден во успех: ЖРК Куманово на пат кон двојната круна

Составот кој минатата сезона беше на чекор до освојување на својата прва шампионска титула во првенството на Македонија продолжи во ист ритам и во овој момент е прв кандидат конечно да стигне до својата цел.

Есенскиот дел од сезоната во Женската лига заврши со мали проблеми со коронавирусот, но сите одложени натправари се одиграа и екипите можат да одат на заслужен одмор пред да започнат со подготовки за пролетниот дел. Есенски шампион е екипата на Куманово која безмалку имаше перфектна полусезона со 11 победи и само еден нерешен резултат, против Вардар.

Составот кој минатата сезона беше на чекор до освојување на својата прва шампионска титула во првенството на Македонија продолжи во ист ритам и во овој момент е прв кандидат конечно да стигне до својата цел. Кумановки одиграа фантастично и против главните конкуренти на гостински терен останаа непоразени.

Куманово имаше настап и во ЕХФ купот каде за противник го имаше украинскиот тим Галичанка. После долгото патешествие од 24 часа со автобус водечкиот тим во женската лига беше поразен на двата натпревари кои се играа во Украина. И покрај овој неуспех раководството на ЖРК Куманово е задоволно од сработеното и очекува уште поголеми успеси во наредниот период. Претседателот на клубот Бобан Пеовски во разговор за 24Ракомет го коментираше првиот дел од сезоната 2020/21.

„Најдоброто од првиот дел на првенството е што се одигра до крај без поголеми проблеми. Иницијатаивата на федерацијата и клубовите да се  игра се покажа оправдана и  успеавме добро да се справиме со короната. Ние од управата на ЖРК Куманово сме задоволни од работата на нашите ракометарки и тренерите. Само на натпреварот против Вардар може да кажеме дека имавме лош ден и премногу се опуштивме. Тој натпревар ни дојде веднаш после големата победа во дербито со Металург и е единственото што спречува да кажеме дека имавме перфектна полусезона. Најважно за нашиот тим е што немаме пораз скоро две години, некаде од март во 2019 и ќе се обидеме да остане така и понатаму“, рече Пеовски.

Во однос на плановите за во иднина од клубот се концентрираат на актуелната сезона и остварување на целта, двојната круна, а дури потоа би следеле подготовки за наредната сезона и поконкурентни изданија во Европа.

„Најважно пред се ни е сезонава да ја завршиме во овој стил, да ги одиграме сите предвидени натпревари. Имаме добра предност пред главните конкуренти, против сите ривали за највисок пласман во есенскиот дел  игравме на гости и во пролетниот дел од првенството сме главни фаворити за титулата. Сметам дека единствено нешто што би не спречило сезонава да стигнеме до титула во првенството е ист развој на настаните како минатата сезона кога беа поништени резултатите. Не верувам дека тоа ќе си го дозволи федерацијата и се надеваме на двојна круна, прва титула шампиони на Македонија и одбрана на Купот на Македонија. Од 18. Декември екипата ќе се распушти и ќе одмара до 11 јануари кога е планирано да започната подготовките. На крајот на сезоната би размислувале за нови засилувања со кои би биле конкурентни и на европските натпреварувња“, продолжи претседателот на Куманово.

Пеовски го сподели своето мислење и даде можна насока како да се подигне квалитетот на женскиот ракомет, а тоа е поголеми вложувања што би донеле поквалитетно домашно првенство и репрезентација.

„Според мене РФМ можеше да организира женски куп и за претходната сезона за време на одигрување на турнирот во Струга кога веќе играа машките екипи. Многу помалку се посветува внимание на женскиот ракомет, очекуваме од наредната година многу повеќе да се вложува во женскиот спорт. Пред сè да се израмнат разликите околу поделбите на ваучерите кој е во однос 5:1 споредбено со машките екипи. Не може со минимални вложувања во женскиот ракомет да се бараат резултати од репрезентацијата и клубовите. Исто така се надеваме претсојната пролет да започне реконструкцијата на Спортската сала во Куманово која се најавува повеќе од една година и конечно да имаме своја сала и подобри услови за работа како што доликува на една екипа“, заврши Пеовски.

Добрите игри во дресот на Куманово за некои ракометарки значеа и промоција во националната селекција. Александра Боризовска веќе го зазема своето место во репрезентацијата, додека на последниот собир за прв пат дел од националниот тим беше и Јована Кипријановска.

„Задоволни сме од досега прикажаното, единствено треба да ги поправиме грешките кои ги имавме на дуелот кој со Вардар каде што потфрливме. Сега ни следува краток одмор, а од јануари продолжуваме каде што застанавме и да се прикажеме во уште подобро светло. Во вториот дел од сезоната, пред сè се надевам дека нема да имаме прекини во првенството и воопшто во спортот. Со оглед на тоа дека немаме ниту еден пораз, ќе продолжиме во таа насока, со овој состав и нормално без повреди. Целта е до самиот крај да останеме на врвот на првенството па зошто да не го одбраниме и пехарот од Купот на Македонија“, рече Боризовска.

Десниот бек на Куманово, 19 годишната  Јована Кипријановска очекува уште подобри изданија од првиот дел на првенството и остварување на зацртаната цел.

„Очекувавме малку подобра игра, вирусот ни направи мали проблеми, но сепак успеавме да ја задржиме формата и да го задржиме првото место. Имавме еден кикс, но тоа може да се поправи. Сега за време на паузата ќе се подготвиме уште подобро. Очекувам дека во вториот дел од оваа сезона ќе прикажеме многу подобра игра и се надевам дека ќе ја исполниме нашата цел, а тоа е првото место во првенстовото и освојување на купот“, изјави Кипријановска.

Куманово во пролетниот дел од сезоната ќе влезе со предност од четири бода пред Металург и Чаир, додека единствениот тим кој им одзема бод на кумановски Вардар има заостанување од шест бода.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ19181055
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА19161249
3ЧАИР18151246
4КУМАНОВО19150445
5ВАРДАР19141443
6СТРУЖАНКА1991928
7ПЕЛИСТЕР 20121991928
8СКОПЈЕ19721023
9ДЕСПИНА18611119
10СПАРТАК19511316
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.19431215
12АСТИБО19401512
13ШАМПИОН1921167