Кил му се одмазди на Нант

Ракометарите на Кил во натпревар од 9. коло од Лигата на шампионите на свој терен го совладаа Нант, со резултат 37:33. Првиот меѓусебен дуел меѓу двете екипи сезонава заврши со убедлива победа на Нант од осум гола разлика, 38:30.

Првиот дел мина доста ефикасно и беа постигнати вкупно 38 погодоци. Двете екипи во првите 30 минути играа во егал, наизменично се менуваа во водство, но не можеа да направат поголема предност од два гола разлика. Нант беше првата екипа која направи исчекор кон средината на првиот дел и првиот тим кој се одлепи на два позитива. Гостите од Франција во два наврати водеа со ,,плус два” (8:6, 9:7).

Кил не дозволуваше гостинот да направи поголема предност, се врати во игра и со пресврт во 20 минута дојде до водство од 13:11. Бундеслигашот крајот одржуваше минимална предност, но не поголема од гол разлика. По 30 минути игра резултатот беше 20:18 во корист за ,зебрите”.

Во продолжението домаќините беа чекор пред противникот, додека тимот на Нант беше екипата која бркаше резултатска негатива од еден до два гола разлика. Ракометарите на Јиха никако не дозволуваа Нант да дојде до израмнување, го имаа расположениот Никола Билик, кој беше незадржлив на теренот и на крилата на австрискиот репрезентативец беа во поголема предност.

Откако Нант во последниот дел од натпреварот намали на 29:28, составот на Кил со три гола во низа се одлепи на 31:28 и во последните десет минути влезе со активен резултат од 32:30. Францускиот тим во моментите кога требаше да се врати во дуелот, не се снаоѓаше во најдобро во нападите, па така составот на Кил во финишот зголеми предноста за конечни 37:33.