Кил го купи најдобриот стрелец во Лигата на шампионите – Мадсен потпиша до 2028 година!

Германскиот шампион Кил од следното лето ќе биде посилен за десниот бек Емил Мадсен, кој се обврза на верност до 2028 година.

Иако „зебрите“ го посакуваа Мадсен уште ова лето, ГОГ Гудме не го ослободи, па договорот ќе стапи на сила од следната сезона.

Мадсен беше најдобар стрелец во минатата сезона во Лигата на шампионите и го привлече вниманието на многу клубови.

22-годишниот дански репрезентативец досега игра само за ГОГ Гудме и трансферот во Кил ќе биде прво интернационално искуство за него.