Келце остана без главниот дефанзивец – Гуијо се враќа дома!

Полскиот шампион Келце во следната сезона нема да смета на услугите на главниот дефанзивец во тимот, Французинот Ромарик Гуијо.

Тој не го продолжи договорот со Келце и по само една година си заминува од овој тим, со кој ја освои шампионската титула.

Гуијо претходно беше играч на францускиот Нант, а сега се враќа во татковината и ќе го носи дресот на матичниот Сесон Рен.

Договорот е потпишан на три сезони, а на негово место во Келце доаѓа уште еден Французин – Николас Турна.