Келце го најде лекот за беспарица – во пивото!

Претседателот на полскиот шампион Келце, Бертус Сервас, денеска на прес-конферецнија го соопшти името на новиот спонзор на клубот.

Станува збор за најголемата пиварница во Полска, Browar Lomza, а клубот во иднина ќе се вика Ломза Виве Келце.

Договорот е потпишан на четири сезони, до крајот на 2023/2024 година.

Клубот претходно го носеше името ПГЕ Виве Келце, но остана без двата главни спонзори, компаниите ПГЕ и Виве во јуни и јули.

Сепак, нема повеќе неизвесност околу иднината на полскиот првак, па ракометарите може да се посветат само на ракомет.

Келце ќе биде ривал на Вардар во групната фаза од Лигата на шампионите.