Кастратовиќ: Со Хорват, Тарабокија, Рниќ… добивме и на квалитет и на искуство

Екипата на Металург во новата сезона влегува со зголемени амбиции и сосема јасно е дека целта е враќање на една од позициите кои водат во СЕХА лигата за следната сезона и битка за титулата. Ова го потврдија играчите кои беа донесени како засилувања, а на некој начин го потврдува и тренерот Зоран Кастратовиќ кој вели дека е задоволен од тоа како тимот „пазареше“ ова лето односно како се засили.

„Засилувањата за новата сезона се мој избор. Ќе добиеме многу на квалитет и искуство, кој го немаше ланскиот состав. Направивме соодветен избор во склоп на амбициите на клубот. Да се избори групна фаза од Лигата на Европа каде мора да минеме две пречки. Квалитетот и искуството на Хорват, Тарабокија, Рниќ, Канкараш заедно со Потиќ треба да донесат плус во игра во двата правци. Изборот беше мој и за разлика од лани за овој состав можам да кажам дека ќе се подготвуваме на поспецифичен начин бидејќи има краток период до првиот натпревар против Спачва“, коментираше Кастратовиќ во интервју за 24 Ракомет ТВ.

Екипата ги привршува подготовките на Маврово, а веќе в среда ќе го има првиот натпревар на струшкиот турнир. Дуелот против Еурофарм Пелистер ќе биде првиот за проверка на сработеното. Инаку, нивниот прв натпревар вчера беше прекинат поради лизгавиот под во салата во Маврово.

Комплетното интервју на Зоран Кастратовиќ можете да го погледнете во продолжение.