Како играч не успеа, ама како играч-селектор им се одмазди на Данците

После пет средби против Данска на големите натпреварувања на кои Македонија забележа пет порази дојде моментот кога целиот долг беше наплатен во величенствен натпревар на кој од почетокот до крајот на теренот беше само една репрезентација, Македонија.

Кирил Лазаров од петте средби настапи на четири и постигна 33 гола, но не успеа да дојде до триумф. Имаше два натпревари на кои беше близу до победа, но беа претрпени тесни порази.

Затоа сега кога Лазаров има двојна улога односно улога на играч-селектор работите се поставени сосема поинакви. Македонија наплати еден голем долг и стигна до победа. Она што не успеаја другите селектори успеа да го направи Кире Лазаров.

Во 2009 година на клупата на Македонија против Данска беше Илија Темелковски, во 2012 и 2013 година Звонко Шундовским додека година подоцна селектор беше Ивица Обрван. Не успеа ниту Раул Гонзалес во 2018 година на ЕП во Хрватска, но затоа успеа Кирил Лазаров во Скопје, но за жал пред празни трибини бидејќи се играше без публика.