Како во најдобрите денови: Лазаров без штедење на стартот од подготовките (ФОТО)

Капитенот на репрезентацијата на Македонија, Кирил Лазаров веќе најави дека ова ќе биде неговата последна играчка сезона, а ќе има можност да одигра уште една година во Лигата на шампионите со Нант и неколку натпревари со сениорската селекција.

Тој веќе почна со подготовките заедно со своите колеги и може да се забележи дека нема штедење на стартот. Од фотографијата која може да се види подолу се работи во силен ритам така што е јасно дека и новата сезона ќе ја дочека подготвен.

Иако веќе има полни 40 години тој и понатаму се чувствува одлично така што доколку случајно одлучи да ја смени одлуката и да продолжи со играње нема да биде никаков проблем бидејќи сигурно со успех може да одигра уште 3-4 сезони.

 

View this post on Instagram

 

Handball much better.. @hbcnantes #preseason 20/21

A post shared by Kiril Lazarov (@klazarov77) on