Каков натпревар во Кил – „Зебрите“ феноменални, со голем пресврт до голем триумф

Ракометарите на Кил дојдоа до победа од 31:29 на средбата против ПСЖ и на тој начин си обезбедија предност за реваншот на кој ќе треба да се обидат да дојдат до одбрана на позитивата и да се пласираат на уште еден Ф4 турнир.

ПСЖ имаше контрола на оваа средба и беше во водство од почетокот на натпреварот. Се играше добро и се имаше водство, но во последната четвртина од средбата сè беше свртено во поинаков правец, па натпреварот доби и сосема поинаков тек.

Во првото полувреме тимот на ПСЖ постојано беше во предност и имаше водство кое даваше можност за мирна игра. Таквото темпо даваше и шанса за постојана контрола. Сепак, Кил се враќаше, но единственото кое го правеше во овој дел од средбата беше израмнувњето.

Откако на одмор се замина со 15:14 во вториот дел разликата постојано беше гол или два во корист на Кил. Така беше до средината на второто полуврме, а во 47. минута со голот на голманот Никлас Ландин составот на Кил успеа првпат да поведе.

Ова водство постојано се зголемуваше и се казнуваа грешките на противникот. Шансите да се дојде до победа се зголемуваа, а доколку не беше промашен ударот на 30 секунди пред крајот тогаш Кил можеше да победи и со четири гола. Место со четири, на крај беше само со два гола разлика откако тимот Шипжак го постигна голот за конечни 31:29.

Прв стрелец во тимот на Кил беше Харалд Рајнкинд кој имаше десет гола, додека по пет имаа Дувњак и Екберг. Во редовите на ПСЖ осум погодоци имаше Дилан Нахи, а Микел Хансен постигна шест.

Реваншот е следната среда во Париз.