Кадетите денеска против Грциja среде Атина

Репрезентацијата на Македонија во кадетска конкуренција од денеска ќе има само по еден натпревар на Медитеранските игри. Следуваат натпреварите за пласман, но нема да биде лесно со оглед на тоа што се важат и дуелите од групната фаза против селекциите со кои беа одмерени силите, а влегоа во новата група.

Денеска прв ривал ќе биде селекцијата на домаќинот Грција. Натпреварот се игра во Атина, а почетокот е закажан за 09:30 часот по македонско време.

Утре во истото време од 13:00 часот ќе биде одигран натпреварот против Саудиска Арабија, а псоледниот дуел ќе биде в сабота од 08:00 часот по македонско време против Кувајт.

Во овие натпревари за пласман од 9. до 14. позиција репрезентацијата на Македонија влегува со победа од 21:17 над Мароко и реми против Турција од 18:18.

На моменталната табела Македонија е второпласирана. Прва е Грција која има две победи од дуелите со Саудиска Арабија и Кувајт.