И нашите ривали се „тестираат“ пред ЕП: Чешка даде солиден отпор, но Унгарија победи

Репрезентацијата на Чешка која е еден од противниците на Македонија на Европското првенство доживеа уште еден пораз во подготвнителниот период. Овој пат Чесите беа поразени од Унгарија со 24:27.

После почетното водство на Чешка од 2:0 и 3:1 продолжението од натпреварот беше потполно во знакот на Унгарија. На полувреме Унгарците имаа предност од 14:10, а со одличен почеток на вториот дел се одлепија на 17:10 што беше недостижно за репрезентативците на Чешка до крајот на мечот.

Најефикасни во составот на Унгарија беа Балог и Сита со по четири гола, а Баниди и Бока постигнаа по три погодоци. За репрезентациајта на Чешка, Здрахала и Хрстка беа најдобри со по четири гола, додека Кашпарек и Чип постигнаа по три гола.