Исполнети обврските од трансферот на Макуц – Барса ќе одигра натпревар со Целје

Барселона потврди дека на 11. јуни ќе одигра пријателски натпревар против Целје.

Тимот на Карлос Ортега со овој пријателски натпревар ќе ги исполни овбрските кои беа договорени кога 21-годишнито ракометар Домен Макуц се пресели од Целје во Барселона.

Натпреварот добро ќе дојде и за Барселона која овој натпревар ќе го искористи за подготовка за фајнлфорот во Лигата на шампионите, секако ако тимот стигне до таму. Барселона беше прва во својата група па така директно обезбеди место во четвртфиналето и го чека подобриот од пресметката меѓу ПИК Сегед и германски Фленсбург.

Maкуц веќе трета сезона го носи дресот на Барселона откако пристигна во 2019 година, Целје и Барселона се неговите два единствени клуба во кариерата.