Искра Бугојно и Стојаноски имаат нов тренер

Тимот на Искра Бугојно, каде што брани македонскиот голман Александар Стојаноски, во продолжението од оваа сезоната, односно за пролетниот дел ќе биде предводен од нов тренер.

Откако довчерашниот тренер Амир Шахман си поднесе оставка, негов наследник е Ермин Бајриќ, кој во тимот од Бугојно пристигна од екипата на Маглај.

Екипата на Искра Бугојно првиот дел од новата натпреварувачка сезона го заврши на 11. позиција.

Стојаноски и колегите на 15 одиграни натпревари во шампионатот на БиХ остварија шест порази и едно реми, додека на осум дуели беа поразени.