Интересна средба – синот на Паличка се запозна со неговиот идол Ландин (ФОТО)

На пријателскиот натпревар помеѓу Шведска и Данска во Малме кој го добија Данците со 23:31 видовме интересна ситуација пред почетокот на натпреварот, а во главна улога беше синот на шведскиот голман Андреас Паличка, Астон.

Синот на Андреас се сретна со неговиот идол, а тоа е колегата на неговиот татко Никлас Ландин. Официјалниот спикер на натпреварот го повика малиот Астон на теренот каде што Ландин му подари голмански дрес со неговото презиме. Целата ситуација измами насмевка на лицето на голманот на Швеѓаните.

Инаку, зад оваа средба има приказна која има позадина од Европското првенство во јануари. Тогаш во едно заедничко интервју на постариот и помладиот Паличка, синот на голманот даде интересна изјава.

„Тато е најдобар во светот или втор најдобар. Ландин е подобар од него“, порача со насмвека малиот Астон.

Ландин ќе потсетиме во март официјално по втор пат беше прогласен за најдобар во светот.