Индира остана во Топ 5 стрелци, од денеска доби ново друштво

Една од најдобрите ракометарки кои настапувале во дресот на Македонија на големите натпреварувања, Индира Кастратовиќ во 1997 година постигна 71 погодок, а откако пред две години Абинг се израмни со неа од денеска и Хагман се приклучи на друштвото.

Индира Кастратовиќ тоа го направи пред 24 години кога Македонија дебитираше на големите натпреварувања и покажа дека може да се надигрува со големите селекции.

Пред две години, репрезентативката на Холандија, Луис Абинг исто така стигна до 71 гол со што се израмни тогаш со Индира.

Денеска, Швеѓанката, Натали Хагман постигна девет гола на дуелот против Франција. Сепак, бидејќи нејзината селекција отпадна и веќе нема да игра натпревари до крајот на Мундијалот овој резултат останува така што и таа се приклучува на списокот.

Бројката 71 останува засега магична на женските Мундијали и ниту една ракометарка засега не може да ја надмине.

Инаку, Кастратовиќ е сè уште во ТОП 5 на вечната листа на Мундијалите и го дели четвртото место со Абинг и Хагман,

ТОП 5 ВЕЧНА ЛИСТА НА СП:

1. Бојана Радуловиќ (Унгарија) – 97 (2003)
2. Аусра Фридрикас (Австрија) – 87 (2001)
3. Грит Јурак (Германија) – 85 (2007)
4. Индира Кастратовиќ (Македонија) – 71 (1997)
    Луис Абинг (Холандија) – 71 (2019)
Натали Хагман (Шведска) – 71 (2021)