“Имам амбиции да бидам почесен претседател на Вардар, млади и амбициозни луѓе да го водат клубот”

Претседателот на Вардар, Михајло Михајловски, откри дека има амбиции да биде почесен претседател, а други амбициозни луѓе да го водат клубот.

Михајловски вели дека со актуелниот буџет, Вардар не може да се “трка” со буџетите на Барса, ПСЖ, Веспрем…

„Бев преокупиран да освоиме титула и да играме ЛШ затоа што само така Вардар може да привлече нови спонзори. Кога се нафатив да го спасувам Вардар, на сите им кажав дека сум возрасен човек, сакам или не сакам тоа да признаам. Ќе беше брука ако Вардар згаснеше и ако не го спасев. Имам амбиции да бидам почесен претседател на Вардар, да го помагам Вардар, но сакам да најдам луѓе и млади докажани во државата кои би го воделе клубот. Имав такви преговори, дојдов до такво име со познат бизнисмен во Македонија. Јасно е дека не може со два, два и пол милиони евра да играш против ПСЖ, Веспрем, ПИК Сегед, Барса…Имаме преговори со компании, а една до две странски компании можеби ќе влезат во Вардар“, изјави Михајловски.