Избрано името на маскотата за СП во Полска и Шведска

Oткако пред неколку недели беше претствена „црвената верверица“ која ќе биде маскотата на Светското првенство кое ќе се игра во Полска и Шведска во јануари 2023 година навивачите го избраа и името.

Фановите имаа три опции во гласањето – Пакс, Стики и Свески. Овие предлози беа избрани од комисијата која ги собираше од коментарите на социјалните мрежи. На крајот во оналјн гласањето победи „Пакс“.

На латински ова значи „Мир“ и тоа е симболичен избор што е доказ за сензационалноста и чувствителноста која ја имаа фановите во анкетата.

На 28-то Светско првенство ќе учествуваат 32 репрезентации и ќе се одржи од 11. до. 29. јануари. 16 учесници на турнирот се веќе познати, а уште осум ќе бидат добиени до крајот на неделата од европските баражи.

Ќе потсетиме и Македонија е во борба за настап на Светското првенство откако со Чешка одигравме реми на гости (24:24) в недела во Скопје во „СЦ Борис Трајковски“ ќе го играме реваншот од овој финален бараж.