ИДЕАЛЕН ТИМ НА 4. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиотдел од сезоната.

За разлика од лани годинава има 12 екипи, а играат и Вардар и Еурофарм Пелистер. Сезоната ќе биде долга, ќе има неизвесни битки за пласман во плеј-офот каде ќе играат шест екипи. Дефинитивно на љубителите на ракометот нема да им недостигаат драматични и неизвесни натпревари.

Ние ги одбравме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на колото. Ќе можете да гласате до петок до 12 часот.

Според Вас, кој ракометар го одбележа четвртото коло од машката Суперлига?

Кристијан Василевски (Бутел Скопје) - пивот
30.90%
Тимур Дибиров (Вардар) - лево крило
24.09%
Благојче Трајкоски (Еурофарм Пелистер 2) - голман
13.63%
Jане Јанчев (Тиквеш) - лев бек
11.19%
Филип Кривокапиќ (Охрид) - среден бек
9.00%
Реваз Чантурија (Прилеп) - десно крило
7.06%
Куни Моралес (Вардар) - десен бек
4.14%

РЕЗУЛТАТИ ОД 4. КОЛО ОД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ПРОЛЕТ        29:22 (ИЗВЕШТАЈ)

СТРУГА – БУТЕЛ СКОПЈЕ              16:25 (ИЗВЕШТАЈ)

РАДОВИШ – ОХРИД     19:26 (ИЗВЕШТАЈ)

СКОПЈЕ 2020 – ПРИЛЕП                29:30 (ИЗВЕШТАЈ)

ВАРДАР – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР           29:25 (ИЗВЕШТАЈ)

ТИКВЕШ – МЕТАЛУРГ   21:19 (ИЗВЕШТАЈ)

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 4. КОЛО

ГОЛМАН: Благојче Трајкоски (Еурофарм Пелистер 2) – Одбрани одлично кога беше најпотребно во победата против Пролет. Тој беше еден од главните во новите три бода кои беа освоени во Битола.

ЛЕВО КРИЛО: Тимур Дибиров (Вардар) – Беше незадржлив во победата против тимот на Еурофарм Пелистер. Тој постигна десет гола со кои беше убедливо најефикасен.

ЛЕВ БЕК: Јане Јанчев (Тиквеш) – Деветпати го погоди голот на Металург во големиот триумф на Тиквеш за први бодови во оваа сезона.

СРЕДЕН БЕК: Филип Кривокапиќ (Охрид) – Одличен настап на организаторот на играта на Охрид. Црногорецот реализираше седумпати во победата против Радовиш.

ДЕСЕН БЕК: Куни Моралес (Вардар) – Веќе влегува во стандардна форма. Одигра цела средба и покажа дека е во добра форма. Постигна пет гола.

ДЕСНО КРИЛО: Реваз Чантурија (Прилеп) – Четирипати ја затресе мрежата на противникот.  Прилеп имаше тежок дуел против Скопје, но освои три бода.

ПИВОТ: Кристијан Василевски (Бутел Скопје) – Продолжува со стандардните игри за тимот на Бутел Скопје. Имаше свој придонес и во напад и во одбрана. Средбата во која беше совлада екипата на Струга ја заврши со три гола.