ИДЕАЛЕН ТИМ НА 10. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ќе ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во вториот дел од сезоната.

Сезоната ќе биде долга, ќе има неизвесни битки за титулата и за опстанокот, а на љубителите на ракометот нема да им недостигаат драматични и неизвесни натпревари.

Ние ги одбравме најдобрите седум, а со помош на вашите гласови ќе се одбере ракометарот кој ќе биде МВП на колото. Ќе можете да гласате до недела до 14 часот.

Според Вас кој е најкорисниот ракометар на 10. коло во машка Супер лига?

Никола Потиќ - десен бек - Пролет
45.05%
Марко Божиновски - лево крило - Бутел Скопје
33.26%
Карим Хендави - голман - Еурофарм Пелистер
7.68%
Тоше Ончев - лев бек - Работнички
7.05%
Ивица Илиев - среден бек - Радовиш
3.16%
Златко Хорват - десно крило - Металург
2.11%
Томислав Кушан - пивот - Еурофарм Пелистер
1.68%

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-ОФ

РЕЗУЛТАТИ ОД 10. КОЛО

ОХРИД – ПРОЛЕТ   21:22 (ИЗВЕШТАЈ)

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – МЕТАЛУРГ            31:34 (ИЗВЕШТАЈ)

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ВАРДАР        29:25 (ИЗВЕШТАЈ)

СТРУГА – БУТЕЛ СКОПЈЕ 20:32 (ИЗВЕШТАЈ)

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-АУТ

РЕЗУЛТАТИ ОД 10. КОЛО

КЛ 7 – АСТРАИОН  36:23 (ИЗВЕШТАЈ)

РАДОВИШ – ПРИЛЕП        27:24 (ИЗВЕШТАЈ)

РАБОТНИЧКИ – ЈУНИОР КВ        34:33 (ИЗВЕШТАЈ)

ГРК ТИКВЕШ – МЛАДОСТ           28:23 (ИЗВЕШТАЈ)

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ПРИЛЕП14111236
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 214100433
3ВАРДАР НЕГОТИНО1480624
4МУЛТИЕСЕНС1471623
5ГОЛДЕН АРТ1451819
6СКОПЈЕ 20201420126
7АЕРОДРОМ1400142

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 10. КОЛО

ГОЛМАН: Карим Хендави (Еурофарм Пелистер) – Голманот на тимот од Битола имаше одлична партија против Вардар. Имаше над 15 одбрани и во клучните моменти одлучувачка улога за победата.

ЛЕВО КРИЛО: Марко Божиновски (Бутел Скопје) – Екипата на Бутел се врати со победа од гостувањето од Струга, а крилото на овој тим со седум гола имаше голем придонес за новите значајни бодови.

ЛЕВ БЕК: Тоше Ончев (Работнички) – Нов натпревар во кој Ончев доминираше на теренот во составот на Работнички. Постигна дури 14 гола во победата над Јуниор Кисела вода.

СРЕДЕН БЕК: Ивица Илиев (Радовиш) – Радовишани освоија важни бодови против Прилеп. Средниот бек Илиев само продолжи во стандардната форма и финишираше со 12 погодоци.

ДЕСЕН БЕК: Никола Потиќ (Пролет 62) – На гостувањето во Охрид имаше голема борба. Десниот бек на гостите од Скопје, Потиќ одработе добро и во одбрана и во напад.

ДЕСНО КРИЛО: Златко Хорват (Металург) – Металурзите продолжија со победите, а на оваа средба интернационалецот од Хрватска беше одличен лидер. Погоди дури 12 пати во голот на Еурофарм Пелистер 2.

ПИВОТ: Томислав Кушан (Еурофарм Пелистер) – Пивотот на Еурофарм Пелистер имаше голем придонес и во нападот и во одбраната. Заврши одлична работа против Вардар.