Играчи на Вардар, Еурофарм Пелистер и Охрид на списокот на Тони Херона

Селекторот на Србија, Тони Херона го објави списокот на ракометари за ЕХФ неделата која ќе се одвива во првата недела од ноември, а планира да има тројца ракометари кои настапуваат во првенството на Македонија.

На собирот во Стара Пазова на 31 октомври ќе треба да се појават Дарко Ѓукиќ од Вардар, Немања Обрадовиќ од Еурофарм Пелистер и Стефан Додиќ од Охрид.

Тројцата ќе се обидат со добра работа и добри игри да си обезбедат место во тимот со кој Србија ќе настапи на Европското првенство во јануари во Унгарија и во Словачка.

На Европското првенство селекцијата на Србија е во тешка група. Ќе игра во Групата 3 заедно со Хрватска, Финска и Украина. Натпреварите ќе ги игра во Сегед.