Играа без одбрана – Куманово и Феникс дадоа 80 погодоци!

Ракометарките на Куманово продолжуваат без грешка во првенството откако во 7. коло на домашен терен ја лесно и без проблеми ја совладаа екипата на Феникс со убедливи 46:34.

Уште од самиот почеток на дуелот кумановки контролираа се што се случуваше на теренот. Кон средината на првиот дел домашниот тим имаше двојна предност од 14:7.

Второто полувреме беше формалност, Куманово продолжи да го полни голот на противникот и постојано ја зголемуваше предноста. Феникс немаше сили да пружи поголем отпор и мораше да се задоволи со пораз.

Најефикасна во победничкиот тим беше босанската интернациоалка Амела Џакмиќ со 11, додека Јована Кипријановска постигна осум погодоци. Во составот на Феникс и најефикасна на теренот беше Емилија Ризоска која беше стрелец на 14 погодоци.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ19181055
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА19161249
3ЧАИР19161249
4КУМАНОВО19150445
5ВАРДАР19141443
6СТРУЖАНКА1991928
7ПЕЛИСТЕР 20121991928
8СКОПЈЕ19721023