Иван Чупиќ останува уникат – единствен ракометар што ја одбранил титулата во ЛШ (ФОТО)

Откако Даинис Кристопанс, Рожерио Мораес и Данил Шишкарев, беа поразени со ПСЖ и Веспрем во полуфиналните средби на Ф4, пропадна шансата да ја одбранат титулата.

Единствен на кој му успеало тоа досега (откако се играат завршните турнири) е десното крило на Вардар, Иван Чупиќ. Тој ја освои титулата во Келн во 2016 година со Келце и во 2017 година со Вардар.

Кристопанс, Мораес и Шишкарев беа дел од тимот што ја освои титулата лани во „Ланксес Арена“, но со новите тимови ја немаа таа среќа да стигнат барем до финалето.

Сепак еден поранешен вардарец останува во битката за титулата – Лука Циндриќ, кој ќе се обиде да се запише меѓу освојувачите во Келн на два трофеи со два различни клуба.